Демократската Унија за Интеграција изразува длабока згрозеност од обидите на Алијансата за Албанците да ја скрие нејзината рака и преку протести да ја злоупотреби трагедијата на модуларната болница во Тетово што ја потресе целата земја, посочуваат од оваа партија.
„Вчерашниот насилен и навредлив протестен марш кон положбата на жената е уште еден доказ за оваа скриена намера. Јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените aлбанки на вчерашните протести дека носи печат на Села и Таравари се фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, вклучително и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами и не само, но и директните повици објавени на Фејсбук од страна на Арбен Зеќири, одговорно лице на Алијансата за медиумите, да учествуваат во протестите“, стои во соопштението од ДУИ.
Демократската Унија за Интеграција цени дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливи пароли, Алијансата за Албанците докажа дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие.
Од ДУИ изразуваат сочувство до семејствата и ги повикуваат сите политички партии да не ја злоупотребуваат болката на семејствата на жртвите за како што велат, површни предизборни политички придобивки.