ДУИ: Вториот круг помина во мирна атмосфера, очекуваме силна поддршка за нашите кандидати

пред 3 години

Вториот круг помина мирно и во фер атмосфера, истакна портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

Тој им честита на граѓаните и на сите избрани претставници на локалната власт.

„Имавме успешни избори. Потврдивме дека Северна Македонија има зрела демократија“, изјави Османи.

Според него, ДУИ излегла со најкреативна и најуспешна понуда на овие избори.  Изјави дека очекува силна поддршка за нивните кандидати и легитимација на нивната агенда.