Екопатролите на „Комунална“ во Скопје: се исфрла ѓубре на јавни површини, изготвени над 500 едукативни записници

Екопатролите на „Комунална“ во Скопје: се исфрла ѓубре на јавни површини, изготвени над 500 едукативни записници

пред 1 година

Во текот на 2023 година екопатролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви вкупно 596 едукативно-информативни записници, кои им беа врачени на граѓаните и на правните субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад во реонот на сите скопски општини.

„Во рамките на изминатите дванаесет месеци, екопатролата реализира секојдневни дежурства на дваесетина локации, каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини“, велат од „Комунална“.

Беше спроведен зачестен патролен надзор на целокупната територија на скопските општини Ѓорче Петров и Аеродром, на улицата Народен фронт во општина Центар, улицата Војвода Васил Чакаларов во скопската општина Карпош, како и на булеварот Македонско-косовска бригада и на улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада, Максут Садик – спроти Амбасадата на САД, Јуриј Гагарин и Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе, во скопската општина Чаир.

Текстот Екопатролите на „Комунална“ во Скопје: се исфрла ѓубре на јавни површини, изготвени над 500 едукативни записници е превземен од МАКФАКС.