По претходно добиени сознанија, службеници од СВР Штип, во координација со Основното јавно обвинителство од Кочани и во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, вчера (31.03) извршиле претреси на четри локации на подрачјето на ОВР Кочани, со цел пронаоѓање на предмети од извршени кривични дела тешки кражби, кражби, помагање и загрозување на животната средина.
Како што информираат од МВР, претреси во две правни лица и во објект сопственост на Д.Б. во Кочани пронајдени се и одземени поголема количина предмети од метал и арматурно железо кои потекнуваат од кривичните дела и ќе бидат вратени на сопствениците.
Од страна на инспекторите од двата државни инспектората кај правните лица се констатирани неправилности во работењето, а на едното му е изречена и мерка забрана за вршење на дејност.
По целосно документирање на случаите од страна на ОВР Кочани до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни пријави.