Ветото на Бугарија беше неблагодарен гест, вели премиерот Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“, пришто додава дека, сепак, Владата е посветена на европеизација на земјата.
Заев се надева дека сѐ уште можеме да изнајдеме решение за бугарското вето пред јуни и бара помош од Унијата.
„Потребна е помош од другите земји-членки во Унијата која исто така треба да докаже дека ги почитува вредностите, а историските спорови не смеат да бидат пречка за иднината на земјата“, рече Заев во интервјуто за „Ворт“.
Македонскиот премиер додава и дека Европската Унија ја разочарала Северна Македонија со набавката на вакцините, но се заблагодарува, сепак, за помошта на ЕУ во делот на заемите.