Ноќеска во Скопје бил запален билборд на претседателскиот кандидат на албанскиот опозициски блок ВРЕДИ, Арбен Таравари.
Таравари утрово се огласи со реакција во која вели дека на ваквите проблеми им доаѓа крајот.
– Коалицијата ВРЕДИ го крева гласот за палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, вели тој во реакцијата.
Запалениот билборд на кандидатот Таравари бил на улицата кај Зоолошката градина во Скопје.
од ВРЕДИ велат дека би сакале да веруваат дека е несреќа, но велат дека билбордот од другата страна воопшто не бил допрен.
– Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат, се вели во реакцијата на Таравари.
Текстот Запален билборд на претседателскиот кандидат Таравари ноќеска во Скопје е превземен од МАКФАКС.