Вчера на булеварот Туристичка во Охрид, полициски службеници го привеле Р.Л.(21) од Охрид.
При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства – петарди.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.