По реакцијата на скопјани за менување на имињата на улиците и поставување на имиња од нивни познати рок и поп групи во Скопје, така се јавија и битолчани , за инает наскопјани и сакаат нови имиња на улиците за нивниот град Битола.
Во текот на 2019 година во Скопје имаше јавна анкета за враќање на некогашните имиња на улиците и предлог за нови кои би доаѓале од поновите времиња на познати рок и поп групи, личности и други, која беше проследена со голем интерес и се започна со дополнување на регистерот со имиња.
Па така Град Скопје предложи да се сменат имињата на улици,плоштади и мостови, а на листата се најдоа „Леб и сол“, Есма Реџпова, Медена Земја и други.
Битолчани, како што пренсеува babambitola. mk со нивни предлози предлагаат плоштадот Магнолија да се вика Силви Бенд, некои од улиците да ги добијат имињата на Анета и Молика, Алтернатор, Елита, Паркети, Чоканче, Фолтин и Мадригали.