Таравари именуваше нови директори на неколку здравствени установи

За четири месеци во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица

пред 4 месеци

Почна да тече рокот за изградба на нова компресорска станица во Клиничкиот центар која ќе овозможи хируршките сали да работат во полн капацитет. Министерот за здравство Арбен Таравари денес извести дека го потпишал договорот со компанијата „Винора“,  единствената која се пријави на повторениот оглас.

„Компанијата е сериозна, професионална за оваа работа и се надевам дека, според нив, за четири месеци целиот зафат ќе биде завршен. Договорот го потпишавме завчера. Ако некој се жали во меѓувреме тоа нема да биде добронамерно оти на три повици не се пријави никој“, рече министерот Таравари денес по посетата на Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација.

Хируршките сали во Клиничкиот центар функционираат со надворешни компресори и со намален интензитет од мај, годинава, кога се појави смрдеа во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух. Потешките операции место во Клиничкиот центар, до декември ќе се прават во Градската општа болница „8 Септември“ и во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Текстот За четири месеци во Клиничкиот центар ќе се прават и потешките операции, Таравари го потпиша договорот за нова компресорска станица е превземен од МАКФАКС.