Зградата на МНР осветлена во сино, по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО

Зградата на МНР осветлена во сино, по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО

пред 6 месеци

Зградата на МНР вчера и денес е осветлена во сино по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Алијансата, како и одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон.

„Република Северна Македонија е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет“, информираат од МНР.

Текстот Зградата на МНР осветлена во сино, по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО е превземен од МАКФАКС.