Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка

Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка

пред 6 месеци

Јас сум извршен директор на Eпсотех Македонија и морам да ви кажам дека сакаме да отвориме и да ги прошириме нашите активности со производствени капацитети тука во Скопје, односно да работиме на отворање на фабрика и на нови машини. Ние веќе работиме на шест гранки во светот и се надеваме дека ќе ги прошириме нашите активности и дејности и тука, рече извршниот директор на Eпсотех, Аламави за германско-белгиската инвестиција.

„Ние имаме веќе 60 години искуство во овие производствени процеси и со нас носиме многу вештини и се надеваме дека тука ќе отвориме 110 работни места коишто ќе бидат претежно во машинската и инженерската гранка“, рече тој и додаде:

„Во оваа прилика ние би сакале да започнеме со изградба на нова зграда, односно со инвестиција од некои приближно 20 милиони евра, коишто би ги инвестирале тука“.

Текстот Извршниот директор на „Eпсотех“: Отворање 110 работни места претежно во машинската и инженерската гранка е превземен од МАКФАКС.