Од Град Скопје известуваат дека продолжуваат вонредните надзори на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници. Инспекторатот денеска изрекол две казни за фирмите “Менсур Турс” и “Ганиќ ексклузив” од Скопје.
„Градот Скопје ќе продолжи со секојдневни теренски контроли и инспекциски надзори на превозниците на патници, со цел доследно почитување и спроведување на законските прописи за вршење на оваа дејност. Ги повикуваме фирмите превозници на патници да се придржуваат до законите во нивното секојдневно работење, со цел овозможување квалитетен и безбеден превоз за граѓаните“, посочуваат од оваа институција.