Искршени штитови на полицајците на протестот за „Монструм“

пред 4 години

Полицијата сѐ уште не јавува официјално дали има повредени во денешниот протест за „Монструм“, но од Бит – пазар си заминаа со уништени униформи и опрема.

Со побелени од боја чизми, панталони, горен дел од униформата и замачкани штитови се многумина полицајци кои стоеја во кордон и не дозволуваа демонстрантите да се движат кон судовите. Кај полицијата на заминување се забележуваа и искршени штитови.

Демонстрантите кон нив фрлаа цели столици, а откорнаа и неколку од железните корпи за отпадоци поставени на улицата и ги фрлија врз полицијата.

Протестот заврши откако полицијата ги потисна демонстрантите и ги принуди да се вратат кон Бит – пазар.