Министерот Азир Алиу – еден од двајцата министри од Алијансата за Албанците, чие разрешување е на дневен ред во Собранието – на социјалните мрежи сподели фотографии од мониторот во пленарната сала.
„Историски ден, пријатели“, напиша министерот на „Фејсбук“.
На пленарната собраниска седница, која во моментот е во тек, прва точка на предлог-дневниот ред е предлогот за разрешување на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити од редовите на Алијансата за Албанците. Двајцата застанаа зад партискиот лидер Арбен Таравари, кој се залага партијата да настапи заедно со албанската опозиција на претстојните избори.
Барањето за нивно разрешување претходно до Собранието го достави техничкиот премиер, Талат Џафери.
Текстот Историски ден, пријатели, напиша министерот Алиу, чие разрешување е на дневен ред во Собранието е превземен од МАКФАКС.