Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степена, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје, се очекува сончево време со мала локална облачност и со слаб претежно јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 35 степени.
Според УХМР, и утре ќе се задржи стабилно време со благ пораст на дневната температура. В среда и четврток повторно се очекува нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.