„Наместо решение ДПМНЕ создава хаос со личните документи“, велат од СДСМ

И утре ќе се издаваат лични документи на пунктовите во МВР

пред 5 месеци

Министерството за внатрешни работи информира дека утре (02.08.) Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работат на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).

Притоа во Скопје (МРТВ и „Беко“) управните служби ќе работат во периодот од 08 до 16 часот, додека низ државата подрачните управни служби ќе работат во периодот од 08 до 12 часот, соопшти МВР.

Текстот И утре ќе се издаваат лични документи на пунктовите во МВР е превземен од МАКФАКС.