Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Р.А.(22) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело овозможување на употреба наркотични дроги.
Како што информираат од МВР, на 17. февруари минатата година, во домот на неговата баба во Кочани, пријавениот овозможил употреба на хероин на неговата малолетна сестра.