Спасовски за внукот на Ахмети: МВР ги презеде сите активности, на потег е Обвинителството

Каде е Дрин Ахмети, прашува Европскиот сојуз за промени

пред 12 месеци

Европскиот сојуз за промени постави прашање до лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде е внук му Дрин Ахмети, формалниот сопственик на TЦ „Соравија“ во Скопје, кој беше фатен со пиротехнички средства за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години.

„Бидејќи е внук на капо Али Ахмети – продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците што го фатија со експлозив. Ова е причината зошто денеска сме овде да го прашаме Али Ахмети каде е Дрин Ахмети и како тоа законот не важи еднакво и за членовите на неговото семејство?! Да не беше Дрин Ахмети внук на капо, или лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој? Како стана едно младо момче, како Дрин Ахмети, да биде над законот?! Кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на семејството на Али Ахмети, а кои не важат педнакво и за другите граѓани?!“, прашуваат од Европскиот сојуз за промени.

Европскиот сојуз за промени констатира дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добиле вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата туку веќе станале опасни и за животот на нашите граѓани.

Текстот Каде е Дрин Ахмети, прашува Европскиот сојуз за промени е превземен од МАКФАКС.