Вкупно 156 возачи на териротијата на Скопје се казнети зарази прекршување на сообраќајните правила и прописи. Меѓу нив како што информира МВР за возење над дозволената брзина кзнети биле 47 возачи, 10 добиле казни за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, три за мининување на црвено светло, пет прекршоци ги направиле возачи на мотоцикли, три санкции биле изречени за некористење сигурносен појас, пет за непочитување првенство на минување, три за непрописно престројување на возила и 41 санкција за непрописно паркирани возила, информира МВР.
Од таму додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи поголема безбедност во сообраќајот.