Кастриот Реџепи во полиција изјавил дека не бил исчезнат, туку на гости кај пријател

пред 3 години

Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса кој вчера не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата, денеска своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека пријавата оти е исчезнат е невистинита, информираат од МВР.

„Во врска со вчерадобиената пријава во полициската станица Бит Пазар за К.Р., МВР известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство, заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, се наведува во соопштението на МВР.

Лидерот на Беса, Биљал Касами, вчера го повика МВР да излезе со службена информација каде се наоѓа нивниот сопартиец, изразувајќи сомнеж дека тој е чуван под присила.

„Во ситуација кога одам да го пријавам за исчезнат во МВР, излегува видео од него – затоа се сомневаме дека оваа ситуација e исценирана“, рече вчера Касами.