Ковачевски за 13 Ноември: „Заедништвото ги обединило нашите борци во напорите за ослободување на Скопје“

Ковачевски в четврток ќе ја поднесе оставката: „Целата Влада ќе биде во оставка во 10 наутро“

пред 12 месеци

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека в четврток ќе ја поднесе оставката пред собраниската седница закажана в петок по што претстои формирањето на техничката влада во времетраење од три месеци.

„Целата Влада ќе биде во оставка в четврток околу 10 наутр, така што никој нема потреба од министрите да поднесува каква било оствка бидејќи со оставката на претседателот на Владата, целата Влада е во оставка“, рече Ковачевски.

Оставка в четврток се очекува да поднесе и собранискиот спикер Талат Џафери, кој ќе седне на местото на Ковачевски.

На седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ, Јован Митрески, за нов претседател на Собранието, а потоа Џафери ќе го добие мандатот за премиер на државата.

Изборот на владата на Џафери треба да биде направен викендот, најдоцна до полноќ 28 јануари.

Текстот Ковачевски в четврток ќе ја поднесе оставката: „Целата Влада ќе биде во оставка во 10 наутро“ е превземен од МАКФАКС.