Ковачевски: Ќе направиме се’ за последиците врз домашната економија да бидат што послаби

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски смирува дека Владата е подготвена да ја заштити домашната економија од предизвиците со кои се соочува светот.

Тој наведе дека внимателно се следи состојбата во Украина, а агресијата ја оцени како закана за европскиот и светскиот мир, но и за глобалната економија.

„Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојба, Владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните“ порача Ковачевски.

Наведе дека преку институциите државата ќе стори се што е потребно, со цел последиците од конфликтот во Украина врз домашната економија да бидат што помали и што послаби.

Цените на златото нагло скокнаа, нафтата најскапа во последните 7 години

Цената на гасот во Европа скокна за 35 отсто

Паника на светските берзи