Општина Бутел заедно со Град Скопје навремено и со брза реакција го дочекаа првиот овогодишен снег, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Костовски.
Службите се на терен и почнаа со расчистување на првите наноси на снег. Во моментот се чистат критичните точки во Општина Бутел, село Љубанци и село Љуботен како и населба Радишани првиот, вториот и третиот влез.
Се чистат и главните улици и булевари кои се под ингеренција на Град Скопје.