Против две лица од Кичево се поднесени кривични пријави бидејќи истите превезувале патници без лиценци.
Според информацијата од МВР, кичевската полиција има поднесено кривична пријава против Н.Д.(35) и И.Ј.(65), двајцата од Кичево.
При сообраќајни контроли извршени на 14.01.2022 и 20.01.2022 на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, полициските службеници ги затекнале пријавените при вршење јавен такси превоз на патници без да поседуваат соодветни лиценци за вршење превоз на патници, како и извод од лиценци за возило, издадени од надлежен државен орган.