Маж загина во сообраќајна несреќа, со возило излета од патот

пред 3 години

Триесет и двегодишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа синоќа на локалниот пат Ржаничино – Таор.

„Патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(32) од Скопје, излетало од патот.Возачот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.