Македонски туристи блокирани во близина на Химара: ги спасила полицијата

Македонски туристи блокирани во близина на Химара: ги спасила полицијата

пред 4 месеци

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата, објавија тамошните медиуми.

На жената која се здобила со повреди од лизгањето и падот ѝ била укажана прва помош и била транспортирана до градската болница.

Според информациите, таа била во добра здравствена состојба.

„Полицијата гарантира дека е секогаш блиску до граѓаните и посетителите, подготвена да понуди помош во секој случај. За секоја слична ситуација граѓаните можат да се обратат на бесплатниот број 112“, објави полицијата.

Текстот Македонски туристи блокирани во близина на Химара: ги спасила полицијата е превземен од МАКФАКС.