Малолетно лице се здобило со тешки телесни повреди по пад од велосипед во Дебар.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„На 13 јуни во 12.07 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Јавна здравствена установа Дебар било донесено повредено малолетно лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот при што констатирале дека на ул.„Дилавер Села“ во Дебар, малолетник од Дебар, движејќи се со велосипед, излетал надвор од улицата и паднал“, велат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.