Маричиќ: Со одлуката за ослободување на Мијалков се намалува довербата во судовите

пред 3 години

Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, напиша денеска на својот фејсбук профил Министерот за правда Бoјан Маричиќ.

Тој додава дека Мијалков бил лице под реален ризик за бегство и повод за настани кои ја вознемирија целата македонска јавност.

Судиите на Апелациониот суд во Скопје Ѓоко Ристов и Енвер Беџети кои ја донесоа оваа одлука треба да и објаснат на јавноста на кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку се случи повторно ризик од бегство,додава Маричиќ.

Судот иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да можат граѓаните да веруваат во судството.

Маричиќ со апел до Судскиот совет да испита по кој основ судиите ја донеле оваа одлука.