Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
„Граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, соопшти МВР.
Текстот Метежот на „Табановце“ е поради зголемениот безбедносен ризик од тероризам во Србија е превземен од МАКФАКС.