Судот определил надзорот над куќниот притвор  на Рамадани да го врши МВР, но  не го определил  начинот на извршување, вели Тошковски

„Министре Тошковски, време е за лична одговорност, поднесете оставка“, побара СДСМ

пред 5 месеци

„Панче Тошковски под притисок на СДСМ денеска ги потврди сите информации кои ги објавивме за пропустите на граничниот премин Блаце. За овие пропусти има тој лично одговорност и би било крајно несериозно таа одговорност да ја префрла на подредените“, велат од СДСМ.

„Со неговото признание се потврдува дека е направена тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце, „пропуштени приватни лица и возила без контрола“, со што скандалот со свадбената поворка на претседателот на Собранието, Африм Гаши доби нови поголеми димензии.

Никој нема одговор на прашањето кој се ја поминал границата и што носеле во приватните возила. Овој скандал, не само што потврдува дека безбедноста на границите е нарушена, туку јасно го открива своеволието на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Но, ова е пред се голем срам за државата и граѓаните.

Уште еднаш повторуваме, министре Тошковски имате 24 часа чесно и доблесно до детал да ги објавите сите информации, во спротивно ќе ги објавиме ние.

Обидот одговорноста да се лоцира во раководителот на смена од страна на Тошковски е наивна и не поминува. Затоа што на овој начин вистинските виновници власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН сака да ги заштити“, соопшти СДСМ.

Текстот „Министре Тошковски, време е за лична одговорност, поднесете оставка“, побара СДСМ е превземен од МАКФАКС.