„Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа“, изјави премиерот Мицкоски.
„Има претходни високи функционери од Владата коишто и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот“, потенцираше премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и очекува надлежните институции да излезат со став.
„Тоа е сѐ предадено до истражни органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата“, истакна премиерот.
Текстот Мицкоски: Владата одзеде две лиценци на компании за игри на среќа тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок е превземен од МАКФАКС.