Мицкоски: Двотретинското мнозинство ни е потребно за да се распуштат Советот на јавните обвинители и Судскиот совет

Мицкоски: Штипската клиничка болница мора да го продолжи процесот на изградба и очекувам преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу бргу

пред 6 месеци

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека штипската клиничка болница мора што побргу да го продолжи процесот на изградба.

„И така го почнавме мандатот како Влада, заедно со  министерот за здравство бевме тука во Штип и кажавме дека штипската клиничка болница мора што побргу да го продолжи процесот на изградба“, вели премиерот Мицкоски.

„Тоа е дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и тука да немате дилема и истовремено се обврзавме заедно со штипската клиничка болница да го завршиме проектот, конечно, и за болницата во Кичево“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој додаде дека очекува преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу бргу.

„Имаме еден, би рекол, прилично квалитетен економски пристап и веќе работиме со неколку економски оператори. Очекуваме преку една транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен, зборувам успешно да биде избран најповолниот понудувач, а потоа тој да го заврши успешно и проектот и мислам дека тоа многу бргу ќе се случи. Кога ќе заврши процесот на транзиција во рамките на Владата“, истакна претседателот на Владата, Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Штипската клиничка болница мора да го продолжи процесот на изградба и очекувам преку транспарентна јавна набавка овој процес да биде завршен многу бргу е превземен од МАКФАКС.