По тридневна расправа, Собранието денеска го разреши пратеникот на Беса, Фадил Зендели, од член во Комисијата за избори и именувања.
Со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата, владејачката коалиција го изгласа предлогот за разрешување на Зендели од Комисијата.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски ја обвини власта за злоупотреба на деловничките процедури.
Со разрешувањето на Зендели, се отвора можноста конечно да бидат избрани четворицата нови судии во Уставниот суд. Работата на Комисијата беше блокирана неколку месеци поради што покрај уставните судии, не можеа да се изберат ниту членови на Агенцијата за медиуми и на Советот на МРТВ.