Муцунски најавува нов парк од 2.300 квадратни метри во Аеродром

пред 3 години

Продолжуваме да ја разубавуваме нашата општина, започнуваме со уште еден проект, изградба на нов парк на улицата 23 Октомври во Стар Аеродром, објави на социјалните мрежи општинскиот градоначалник, Тимчо Муцунски.

„Во соработка со општествено одговорна компанија ќе се уреди нов парк со површина од 2.300 квадратни метри“, напиша Муцунски.

Изградбата опфаќа детски парк и содржина за возрасни со новопроектирани пешачки патеки, простор за одмор, простор за одржување на настани, павилјон за одмарање, ново хортикултурно уредување и поставување на нова наменска урбана опрема.

Воедно, додава градоначалникот, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе се придонесе за уште повеќе зеленило во општината.

„Инвестицијата е вредна повеќе од 5,000,000 денари, а ќе се реализира во соработка со компанија која помага овој дел од општина Аеродром да добие нов лик како вистинска урбана општина“, нагласува Муцунски.