Од страна на полициски службеници од полициското одделение Чегране, рано утрово, околу 6 часот, лишени од слобода биле Н.С. (40), неговиот малолетен син, двајцата од ова гостиварско село, како и Б.Ф. (41) од тетовското село Церово.
Како што информираат од МВР, за нив посојат основи на сомнение дека околу 5.30 часот во Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И. (39) од гостиварското село Форино.
Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош.
Претходно, од Основното јавно обвинителство информираа дека токму во 5.30 часот утрово, во Чегране се случил обид за убиство на обвинител од Гостивар.
Тројцата уапсени со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основниот суд Гостивар.