„На Скопје му треба решение за автобуски превоз од понеделник, а не по една година како што бара Арсовска“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„На Скопје му треба решение за автобуски превоз од понеделник, а не по една година како што бара Арсовска“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 месеци

„Данела Арсовска не изнесе никаков план за решавање на состојбите во ЈСП и надминување на состојбите со хаосот со јавниот превоз. Нејзиниот единствен предлог беше задолжување на градот за набавка на нови автобуси кои би дошле по една година“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Ставот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е дека на Скопјани не им треба решение по една година какво предвидува Арсовска и тоа преку ново нилионско задолжување на градот, туку решение кое ќе почне да функционира од понеделник кога стартува новата учебна година. Тоа што СДС, ДУИ и Арсовска се обединија околу раскрчмување на градските ресурси говори за тоа колку неспособноста и криминалните мотиви се присутни при носењето на одлуки во Скопје. Арсовска не изнесе никаков план иако ветуваше решенија“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „На Скопје му треба решение за автобуски превоз од понеделник, а не по една година како што бара Арсовска“, реагира ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.