Не може да има слободни избори со ДУИ на власт, велат од Алијансата за Албанците

пред 3 години

Алијансата за Албанците смета дека не може да има слободни избори со ДУИ на власт.

„Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори“, велат од Алијансата.

Според нив, не може да се разговара за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, а гласовите се купуваат и крадат.