Николова: СДСМ и парламентарното мнозинство ќе обезбедат недела неработен ден и повисоки плати за работниците

пред 3 години

Парламентарното мнозинство континуирано и посветено работи за зголемување на стандардот и унапредување на правата на работниците, истакна пратеничката од СДСМ, Даниела Николова.

Таа информираше дека во изминатите 4 години просечната плата пораснала за 6.000 денари, а минималната плата од 9.000 денари е зголемена на 15.400 денари, со цел да достигне 18.000 денари.

Николова ја обвини опозицијата за блокирањето на измените на Законот за работни односи.

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се обврза и ќе обезбеди донесување на измените во Законот за работни односи, со кои се предвидува 92 проценти од вработените во недела да одмараат, а 8 проценти од работниците за работа во недела да добиваат додаток до 100 отсто. Работниците и синдикатите се во право кога бараат деблокирање на законите кои се во интерес на работниците. Меѓутоа, како што е познато, пратениците од опозицијата во изминатиот период упорно го блокираа донесувањето на измените на Законот за работни односи и на други законски решенија во интерес на работниците. Ним воопшто не им е грижа за работниците и нивните права, тие се желни за гола власт, што впрочем и го покажаа, пред целата јавност, со своето однесување изминатите денови“, рече Николова.

Додаде дела недела неработен ден, повисока минимална плата, се реализираат со парламентарно демократско мнозинство и стабилна Влада предводени од СДСМ и тоа ќе се случи во следниот период. Блокадите и опструкциите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе бидат поразени, додаде таа.