Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

пред 4 години

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст. Николовски смета дека има доволен рок да се набават машините од страна на Државната изборна комисија.

„ За нас почитувањето на законот, нема алтернатива. Во законот пишува дека евидентирањето на граѓаните на следните избори ќе е со отисок со прст. Се боревме за тоа барање и успеавме да го добиеме. Отстапување нема. Има доволен рок да се набават овие машини. Локални избори и евентуални парламентарни со отисок од прст“, рече Николоски.

Локалните избори најверојатно би се одржале на 24 или 31 октомври, откако ќе заврши пописот на населението кој треба да започне 5 до 30 септември. Договорот за употреба на „фингер-принтер“ на локалните избори претходно беше постигнат на ниво на работни групи на пратеничките групи. Ова беше потврдено и на лидерската средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.