Земјоделците од струмичкото село Просениково одржаа протест пред селото поради ниските откупни цени на доматите кои секојдневно паѓаат поради прекупците. Пратеникот Сашко Јанчев, координаторот на Секор – земјоделие на Левица и членовите на Локалниот огранок на Левица од Струмица беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.
,,Зелената мафија мора да се разбие. Мора да се отворат државни откупни центри кои ќе ги диктираат фер – цените за откуп! Стоковните резерви на државата мора да се пополнуваат само со домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците, мора да се гарантираат фер – минимум откупни цени и мора да се отворат државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со домашно произведена храна: АРМ, градинки, школи, болници итн.”, истакна Јанчев.
Ова се дел од мерките предвидени во Програмата на Левица за спас на земјоделието.
Земјоделците од овој крај кажаа дека ќе продолжат со протести, а Левица им дава безрезервна поддршка.
Текстот Ниските цени на доматите ги натераа на протест земјоделците од струмичко Просениково е превземен од МАКФАКС.