Обвинета лекарка поради несовесно лекување – состојбата на болно дете ја следела преку телефонски известувања

пред 3 години

Основното јавно обвинителство од Кавадарци до надлежниот суд поднесе обвинение против лекарка – специјалист по општа медицина за кривично дело – тешки дела против здравјето на луѓето.

Обвинетата била ангажирана со договор за повремени и привремени работи во специјалистичкиот завод Демир Капија – станбена единица во село Куршеница.

„Во периодот од 01.10 до 05.10.2020 година, укажувала лекарска помош заради покачена телесна температура и дијареа на едно оштетено дете, родено 2009 година, сместено во Заводот како лице со тешко нарушување на психо-физичкиот развој и церебрална парализа. Меѓутоа, спротивно на договорот, здравствената помош ја укажувала без да изврши непосреден физикален преглед на детето, ординирала терапија и неговата состојба ја следела со телефонски известувања, не дала инфузија, па поради тоа дошло до влошување на здравствената состојба на детето, настанала дехидрираност на неговиот организам и на 05.10.2020 година настапила смрт“, се наведува во соопштението на обвинителството.​​