Обвинителството бара притвор за Ламбе Алабакоски поради палењето на вратата на центарот „Ванчо Михајлов“

пред 3 години

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за предизвикување општа опасност поради палењето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Откако во јавноста стана познато дека зад палењето стои македонскиот пејач Ламбе Алабакоски, од Обвинителството информираат: „Пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил“.

Се додава дека со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​