Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги честеше своите луѓе. Сега ДУИ ѝ забележува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство, Арбен Tаравари, откако пратениците на „Европскиот фронт“ на прес-конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки притисок врз директорите на Клиничкиот центар сами да си дадат оставки.
Од ДУИ реагираат и плачат зошто е укината функцијата економски директор во Министерството за здравство, но треба да знаат дека на оваа партија ѝ требаат две работи, вели министерот Таравари.
„На ДУИ ѝ треба добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција, мора да го смени својот коруптивен менталитет“, пишува Таравари.
Текстот „Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ е превземен од МАКФАКС.