Од полноќ зголемување на цените на горивата

пред 3 години

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,11 % во однос на одлуката од вчера.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Врз основа на оваа одлука, малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 3 денари за литар, а цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2 и пол денара за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Согласно оваа одлука од вечерва по полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 107 (денари/литар)
Бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 109 (денари/литар)
Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,50 (денари/литар)
Екстра лесно 1 масло (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 54,640 (денари/килограм)