Од утре дожд и пониски температури

пред 4 години

Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно, од пладневните часови со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до крајот на денот. Локални врнежи ќе има и во првите два дена од работната седмица.

Од утре ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер, а температурите ќе се намалат и до среда ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Од среда следува стабилизација на времето со зголемување на температурите.