Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што од општинскиот буџет издвоени се 3.100.000 денари.
„Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на општината, Златко Марин.
Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на скопски Аеродром можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на општината од денеска (4 јуни) до 30 септември годинава.
Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош може да се подигне во општината или да се симне од општинската интернет-страница.
Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:
1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром;
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром;
4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.