Во автомобил на патот Гевгелија-Скопје полицијата откри 13 мигранти од Сирија, а приведени се две лица.
Според информациите на МВР, ноќеска околу 01.30 часот, полициски службеници ги привеле Д.Ј.(24) и Ѓ.Б.(21), двајцата од Богданци.
На автопатот Гевгелија–Скопје, кај клучка „Миравци“, во возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Д.Ј., а совозач бил Ѓ.Б., биле пронајдени 13 лица мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг во Гевгелија.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.