Пендаровски – Лајчак: Неопходен е одговорен пристап на сите политички фактори за европската перспектива

Пендаровски – Лајчак: Неопходен е одговорен пристап на сите политички фактори за европската перспектива

пред 1 година

Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на учеството на 54. годишен состанок на Светскиот економски форум, денеска, во Давос, оствари средба со специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања и главните регионални предизвици, за очекувањата од дијалогот Белград – Приштина и за важноста од засилена регионална соработка како еден од клучните предуслови за одржлив мир, стабилност и просперитет на Балканот.

Во однос на перспективите на Северна Македонија двајцата соговорници ја нагласија неопходноста од одговорен пристап на сите политички фактори за обезбедување целосна имплементација на реформските процеси и задржување на европскиот курс на државата.

Претседателот Пендаровски и специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак, ја нагласија важноста од продолжување на редовната комуникација и размена на мислења и информации од заемен интерес.

Текстот Пендаровски – Лајчак: Неопходен е одговорен пристап на сите политички фактори за европската перспектива е превземен од МАКФАКС.