Пендаровски: Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола

пред 3 години

По Министерството за надворешни работи и Обвинителство, палењето на Културниот Центар во Битола најостро го осуди и Претседателот Пендаровски. Тој на својот фејсбук профил напиша:

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

“Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.”