Пендаровски: Петков е Нелсон Мендела во споредба со неговите претходници

пред 3 години

Премиерот на Бугарија Кирил Петков во споредба со неговите претходници е како Нелсон Мендела, истакна претседателот, Стево Пендаровски, коментирајќи дека новиот бугарски премиер не ја практикува реториката која до вчера беше стандардна за некои претставници на бугарската власт, a навредлива за нашата држава.

Околу заедничкото честување на Гоце Делчев, Пендаровски потенцира дека не гледа проблем во тоа. Како што истакна, и претходно сме имале заедничко честување на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија.

За свирежите кон него пред влезот на црквата Свети Спас, Пендаровски рече дека политичарите се платени за да трпат секаква критика.